Герила акција на „Манаки“: Кажете им на облаците Битола умира!


Во духот на годинешниот Манаки фестивал и неговниот официјален слоган „Tell the clouds“, завчера во Битола на црвениот тепих, а и низ градот Битолчани ја дополнија пораката. Со порака испишана на своите маици и на постери низ градот грагански активисти порачаа: „Tell the clouds Bitola is dying!“ (Кажете им на облаците Битола умира!)

„Битола умира поради негрижата кон градот и масовното иселување поради загадувањето, а оваа порака го изразува огромното незадоволство на граѓаните кои сметаат дека е крајно време Битола да живее и битолчани да дишат чист воздух“, дополнуваат активистите.