Гаши останува спикер – го поддржаа 72 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и ЗНАМ
Побрзо од очекуваното, по расправата во која учествуваа 21 пратеник, интерпелацијата на Левица за претседателот на Собранието, Африм Гаши, вечерва некаде по 20 часот излезе онака како и што се предвидуваше – неуспешна. За интерпелацијата гласаа 21 пратеник, а против 72.
Според претходните најави, интерпелацијата на Левица ја поддржаа пратениците на СДСМ, додека ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ рекоа дека нема да го поддржат таквиот потег. Пратениците на ДУИ излегоа од салата пред гласањето.
Расправата беше главно обележана со силен настап на пратениците на Левица.