Гаши го попречува правото на пратенички прашања на Левица
Во процедуралното обраќање пратеникот Борислав Крмов се пожали дека анти-демократските постапки на СДС ги продолжува ВМРО-ДПМНЕ со засилено темпо. Според нив исто како и Талат Џафери, новиот собраниски спикер Гаши повторно го ускратува правото на опозициската Левица да поставува пратенички прашања.
„Кога ние се договоривме за редоследот на координација? Не се договоривме! Или требаше во понеделникот на координацијата да се договориме, или требаше да имаме ад-хок координација, за да се договориме за редоследот.И сега повторно е прекршено правото на Левица, исто како во претходниот мандат, да поставува пратенички прашања. Сега нашиот прв говорник, претседателот Димитар Апасиев е ставен седми по ред, иако треба да биде ставен четврти.Сега, претпоставувам како одмазда за кривичните пријави што ви ги пушти Левица, наместо на четврто место не ставате на седмо. Повторно се продолжуваат лошите пракси, ние добивме нов Талат Џафери, сега со блажена насмевка“, рече Крмов.