(Галерија) Само најхрабрите ја дочекуваат Новата година на плоштадот „Македонија“
Годинава, на минусни температури, само најхрабрите се појавија на градскиот плоштад „Македонија“ да ја дочекаат Новата 2026 година
Скопје е желно за новогодишна забава на плоштад. Последниве години отсуствуваше таква организација на дочекот на Новата година. Прво заради ковид пандемијата, а потоа, затоа што Градот не успеваше навремено да се организира.
Годинава, сепак, на минусни температури, само најхрабрите се појавија на градскиот плоштад „Македонија“ да ја дочекаат Новата 2026 година.
Прославата ја збогатуваат повеќе македонски изведувачи кои пеат за оние кои решија Новата година да ја дочекаат во центарот на главниот град. Додека се забавуваат со песните на Миле Кузмановски, Огнен Здравковски, Дина Јашари, Куку Леле и Тамара Тодевска, скопјани купуваа миникрофни или други новогдишни засладени задоволства од куќичките поставени околу плоштадот.

Најмногу има млади, заљубени, но и родители кои ги донесле своите деца, веројатно за прв пат на ваков заеднички дочек.
Овојпат, оние кои се на плоштадот во новогодишно расположение со украсни новогодишни очила или венчиња, сепак, во Новата 2026 година нема да влезат со традиционалниот огномет, за кој Градот реши дека е на штета на животните.
Пред полноќ ќе настапат, Пајак, Лара и Два Бона, а во Новата година, Скопје ќе влезе со песните на Каролина Гочева.

Погледнте дел од атмосферата на плоштадот преку фотографиите на Борис Грданоски.











