Гала француска филмска вечер, со проекција на филмот „Изгубени илузии“ добитник на 7 награди „Цезар“


Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција во Македонија организира гала француска филмска вечер, со проекција на филмот „Изгубени илузии“.

 Филмот е екранизација на истоимениот роман на Балзак и е овогодишен добитник на 7 награди Цезар, меѓи кои и Цезар за најдобар филм, а ќе биде прикажан в петок, 16 декември 2022, во 20 часот, во кино „Милениум“ (ГТЦ, 1 кат), а настанот ќе го отвори Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција.

Проекцијата е со поддршка на МКЦ и Публицис.