Гала. Емоција. Нови вибрации. Новогодишен концерт на Филхармонија


Беше гала, се почувствуваа и нови вибрации, синоќа, на новогодишниот концерт на Филхармонија која свечено ја заврши успешната сезона со ексклузивни и домашни изведувачи.
Гала новогодишните концерти се оние ретки музички мигови кога годината не се завршува со тишина, туку со емоција, раскош и нови вибрации. 
 
 
Галата вечер на Македонската филхармонија под мотото „Нова година. Нови вибрации!“ беше со сигурна и впечатлива диригентска интерпретација на маестро Емил Табаков, богата програма, и полна сала во смокинзи и коктел тоалети.