Францускиот премиер позитивен на корона вирус


Францускиот премиер е позитивен на корона вирус и ги повика белгиските министри да бидат во излоација, поради состанокот на кој во понеделникот присуствуваа сите заедно.

Жан Кастекс (56) по само неколку часа од состанокот беше тестиран позитивно на корона вирус.

На фотографиите од состанокот се гледа како двајца мажи стојат покрај него без маски на лицето, во внатрешноста на палатата во Брисел, но сепак држат диистанца.

Двајцата носат маски кога излегуваат надвор и се поздравуваат.

Кастекс е целосно вакциниран, а ќе биде во изолација 10 дена, јавија француските медиуми.

Премиерот веќе беше во изолација, откако неговата 11-годишна ќерка беше позитивна на вирусот, а тој беше назначен како контакт. (Вашингтон Пост)