Франција ја преселува амбасадата од Киев во Лавов

Франција денеска соопшти дека ја преселила својата амбасада во Украина од главниот град Киев во Лавов на западот на земјата.
По слична одлука на САД, Канада и Израел, министерот за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан рече дека Франција ја преселила дипломатската мисија поради „ризиците и заканите“ со кои се соочува главниот град на Украина.