Франција денеска имаше повеќе од 20.000 новозаразени, прв пат по август


 

Франција денеска имаше повеќе од 20.000 новозаразени со корона вирус, прв пат по 25 август оваа година.

Министерството за здравство објави дека во изминатите 24 часа регистрирани биле 20.294 нови случаи со Ковид-19, со што вкупниот број од почетокот на пандемијата порасна на 7,33 милиони, а седнодневниот просек е 12.400 заразени.

Неделниот број нови случаи на 100.000 жители во Франција нарасна на 129, иако и понатаму е далеку помал од соседните држави како Германија, Велика Британија и Белгија, пренесе Ројтерс.

Во француските болници се лекуваат 7.663 луше, а на интерните клиники има 1.300 пациенти.

Не планираат нови рестриктивни мерки

Починаа уште 56 луше, со што од почетокот на епидемијата поради Ковид-19, досега починале повеќе од 118.000 луѓе.

Портпаролот на владата Габриел Атал во средата рече дека Франција е во петтиот бран на пандемијата, но дека не се планираат нови рестриктивни мерки.

Владата се надева дека високиот процент на вакцинирани ќе го ограничи бројот на оние на кои им треба болничка помош.