(Фото) Донесени законите од петтиот пакет економски мерки, на помош и пратеници позитивни на КОВИД-19


(Фото: Борис Грданоски)

Пратениците во Собранието на Северна Македонија едногласно ги изгласаа законите од петтиот пакет економски мерки за помош на граѓаните и компаниите погодени од пандемијата со КОВИД-19.

За таа цел мораа да присуствуваат и двајца пратеници од владејачкото мнозинство кои се позитивни на корона вирусот и кои во Собранието пристигнаа во скафандери и беа сместени во посебна просторија од каде што гласаа за законите од дневниот ред .

(Фото: Борис Грданоски)

Во Собранието на 36 седница беа три закони од петтиот пакет економски мерки.

Пратениците ги донесоа Законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот ковид-19, за месеците февруари и март 2021 година, потоа Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здраствено-економската криза предизвикана од вирусот ковид-19, заради исплата на платите за месеците февруари и март 2021 година, како и Законот за изменување на Законот за данокот на личен доход, по скратена постапка.

(Фото: Борис Грданоски)
(Фото: Борис Грданоски)

Претходно, пратениците ги изгласаа 21 точка од 32 седница, за која владејачкото мнозинство обезбеди кворум од 62 пратеници. Двајца пратеници, позитивни од Ковид-19, облечени во скафандери од посебни кабини присуствуваа на работатата на Собранието. 

Така, и покрај отсуството на опозицијата беше обезбеден кворум за работа со присутни 62 пратеници, што овозможи по девет продолженија, оваа седница да биде експресно завршена.

(Фото: Борис Грданоски)
(Фото: Борис Грданоски)

На ова претходеше конфронтација помеѓу пратеникот од Левица, Димитар Апасиев и претседателот на Собранието, Талат Џафери околу (не)законитоста пратеници позитивни на КОВИД-19 да присуствуваат во парламентот.

(Фото: Борис Грданоски)

Откако беше завршена оваа седница и почна 36. седница, во салата влегоа и пратениците на опозицијата. Тоа сепак, не ги намали тензиите, бидејќи одд ВМРРО-ДПМНЕ побараа пратениците болни од КОВИД 19 веднаш да се вратат во изолација, бидејќи, како што најавија ќе поднеле кривична пријава, за нив и за сите кои го дозволиле нивниот влез и гласање, па оттаму сметаат дека гласањето било нелегитимно.

(Фото: Борис Грданоски)

Во процедуралната забелешка до претседателот на Собранието Талат Џафери, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски рече дека спикерот го прекршил и Уставот и законите дозволувајќи во работата на 36.седница да присуствуваат и пратеници позитивни на ковид-19. „Со две маски сум, сега здравјето и на моето семејство е загрозено“, рече Мицевски. Џафери одговори дека Собранието работи согласно здравствен протокол од надалежна институција.

 
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски нан говорницата излезе со здве заштитни маски и порача дека тоа го прави поради присутвото на двајца пратеници позитивни на КОВИД-19.
„Еве, јас сум со две маски зашто тука се шетаат болни пратеници. Морам да мислам и на моето семејство, рече Мицевски додавајќи дека вака се праќа порака до граѓаните дека може да се крши Уставот и законите.
(Фото: Борис Грданоски)
На ова Џафери одговори дека Собранието работи според протокол којј бил донесен од надлежна институција, како и дека според истите тие правила веќе имало гласање во парламентот.

Тој обвини дека овие закони можеше да се донессат и порано, но дека тоа не било сторено поради односот на опозицијата.