(Фото) Во џунгла пронајдени тела на жртви од секта


Телата на жртвите на озлогласената секта Нова Божја светлина се пронајдени во масовна гробница во Панама, соопшти локалната полиција додавајќи дека истрагата се уште трае.

Телата биле пронајдени во близина на гробницата каде се пронајдени седум тела во јануари годинава. Жртвите биле поврзани со секта за која се верува дека е опседната со егзорцизам.

Државниот обвинител Азаел Тугри изјави дека гробницата се наоѓа во оддалечен дел од регионот Нгабе Бугл, до кој истражителите морале да пешачат дури 10 часа.

„Во овој момент не е можно да се одреди бројот на телата или полот на жртвите“, рече Тугри.

Пред неколку дена полицијата го уапси наводниот водач на сектата Нова Божја светлина во врска со жртвите од гробот што ги пронајдоа во јануари.

Во тоа време, меѓу пронајдените тела беа пронајдени остатоци од бремена жена, нејзините пет деца и тинејџер, а откритието немаше да се случи доколку полицијата не беше предупредена од тројцата бегалци што ги држеше сектата.

Полицијата упаднала во седиштето на Новата Божја Светлина, каде открила ужасни сцени.