(Фото/видео) Во овој град немало снег 15 години, се уриваат рекорди
Предупредување за снежна бура е на сила за 31 милион луѓе, од Јужен Тексас преку Џорџија до Вирџинија, соопшти Националната метеоролошка служба.
Снежна бура го зафати Мексиканскиот залив во вторникот, соборувајќи ги рекордите на снежни врнежи стари повеќе од сто години во регион каде што белите снегулки се реткост. На северот и на истокот на земјата, пак, сè уште преовладува поларен студ.
Четири лица се верува дека досега починале од изложување на студ – два случаи се истражуваат од властите во Остин, Тексас, како поврзани со студот, додека два смртни случаи од хипотермија се регистрирани во Џорџија и Милвоки, јавува Би-би-си.
„Никогаш не сум видел толку снег“
Предупредување за снежна бура е на сила за 31 милион луѓе, од Јужен Тексас преку Џорџија до Вирџинија, соопшти Националната метеоролошка служба.
Училиштата во Хјустон, четвртиот по големина град во Америка, беа затворени во вторникот и средата бидејќи се очекува да наврнат над 10 см снег.
„Цел живот живеам во Тексас и никогаш не сум видел толкав снег“, вели Ишан Бајдани (29), сопственик на консултантска фирма во Хјустон. „Обично станува постудено, но овој фин снег, ова е прв пат.
Снег паѓаше и во Њу Орлеанс, каде што се акумулираа речиси 25 сантиметри до вторник попладне по локално време, според Националната метеоролошка служба.
Во Њу Орлеанс немало снег веќе 15 години.
„Останете дома и држете се надвор од патиштата“, рече градоначалникот на Њу Орлеанс ЛаТоја Кантрел во видео порака до жителите на мрежата X.
Stay Safe During Cold Weather! ❄️
👉 Protect Yourself & Others: Bring pets and plants indoors, and check on elderly neighbors.
🔥 Space Heater Safety: Never leave them unattended, and don’t use stoves or ovens for heat.1/3 pic.twitter.com/LsZoohTE9i
— Mayor LaToya Cantrell (@mayorcantrell) January 21, 2025
На југ, снегот во комбинација со акумулација на мраз и силни ветрови може да го отежнат патниот и воздушниот сообраќај неколку дена, заканувајќи се да ги урне далноводите и дрвјата. На север и на исток, сепак, продолжува да преовладува арктичкиот фронт со екстремно ниски температури.
„Не сме навикнати да шетаме низ зимска земја на чудата“
Државните раководители и агенциите се борат да се справат со нетипичното време. Гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис, рече дека инфраструктурата на Флорида е дизајнирана поинаку отколку во државите во кои редовно има снег: „Не сме навикнати да шетаме низ зимската земја на чудата овде во Флорида“.
ДеСантис, како гувернерот на Северна Каролина Џош Стајн, ги повика жителите да останат дома.
Соборувајќи го рекордот стар 144 години, повеќе од 6 инчи снег падна во Мобил, Алабама, според NWS.
Невремето го наруши воздушниот сообраќај, но и патниот сообраќај, па летовите беа одложени или откажани во вторник. Според Flightaware.com, повеќе од 1.000 летови кои поаѓаат или летаат до Интерконтиненталниот аеродром Џорџ Буш во Хјустон се откажани.
Температурите паднаа многу под нулата низ целиот регион, што ги натера синоптичарите и локалните власти да ги повикаат жителите да се заштитат од смрзнатини и да преземат чекори за да спречат пукање на водоводните цевки.