(Фото) Тутунарите и лозарите протестираа пред Владата, гневни се на ниските откупни цени


Тутунарите ги остварија најавите и денеска протестираа пред Владата поради ниските откупни цени за тутунот и определувањето на класите при откупот. На нив им се придружија и лозарите, кои, како што велат, се незадоволни заради нереализираните ветувања за годинашнава реколта. 

Проблемите со годинашниов откуп на тутунот ескалираа уште на самиот старт на откупната кампања, кога тутунаригте реагираа на процената на квалитот на предадениот тутун. Протестот, како што велат, доаѓа откако и по неколку средби што ги имаа со претставниците на Владата и откупувачите и добиените ветувања, нивните проблеми не се решени. 

„Се зема квалитетен тутун и се проценува во пониски класи. Одбитоците се 10 проценти“, реагираа тутунарите, кои се жалат и на динамиката на откупот, кој годинава е за три пати помал од лани. 

Тие најавија нови протести ако не се изнајде решение за ниската откупна цена на тутунот. (Фото: Б.Грдановски)