(Фото) Се отстранува летната тераса на „Тренд“ што никогаш не проработе


На триаголникот спроти Општина Центар служби во придружба на полиција ја отстранува летната тераса, каде требаше да биде кафулето „Тренд“.

По неколку укажувања, дека градбата е бесправна, и дека таму не е предвидена цврста градба, летната тераса стоеше, но никогаш не проработе, а денеска беше отстранета.

Од Општина Центар велат дека имаат информации оти уште 12 други вакви слични објекти почнале да се отстрануваат самоиницијативно.

Фото: Независен весник