(Фото) Поради снежна бура во Данска, луѓе преноќија во ИКЕА


Поради силна снежна бура што зафати делови од Данска луѓето не можеа да се вратат дома, па беа принудени да преспијат во продавница на ИКЕА.

Потрошувачи и вработени во продавницата за мебел на ИКЕА во Данска, доживеаја необично искуство.

Оваа снежна авантра се случила во данскиот град Алборг, каде неодамна за многу кусо време паднаа 30 см снег.

Во стоковната куќа останале заробени најмалку 25 луше кои никао не можеле да го напуштат објектот.

Лушѓето ги искористиле креветите во делот за спални сиби, претходно вечерале во делот за кујни, а некои гледале телевизија во дневната соба.

Делови од Данска, претходните денови, беа зафатени од голема снежна бура, а во Алборг, не беше само ИКЕА привремено сместување, туку и 300 луѓе беа принудени да престојуваат на аеродромот.

Полицјиата го советуваше локалното население да не вози поради тешките временски услови.

Спас во стоковната куќа најдоа и неколку вработени од соседната прдавница за играчки.

Петер Елмроуз, менажер на стоковната куќа, потврди дека луѓето преноќиле во изложбениот салон за спални, душеци и софи.

„Досега не сме се сретнале со вакца висуација“, вели тој за локалниот дневен весник Нордјиск.

Ерик Бангсгор заедно со сопругата преноќил во ИКЕА.

„Се собравме прво во кантината, каде добивме храна и пијалоци, а потоа гледавме телевизија“, вели Бангсгор.

„Ништо друго не можевме да направиме во таа ситуација – бевме многу среќни што имаше каде да се засолниме“.

Утрото, кога станале, луѓето заробени во стоковната куќа добиле доручек – ролнички со цимет и кафе, пред да заминат дома.

Менаџерот Елмроуз за данската државна телевизија вели дека работниците брзо ги исчистиле креветите и останатиот мебел откако гостите заминале.