(ФОТО) Касами не платил паркинг, му поставиле „канџа“
Лидерот на Движењето БЕСА, Билал Касами вчера наиде на проблем со општината Тетово.
Тој го паркирал својот автомобил, но не платил 30 денари за паркинг, па општината му поставила блокатори, пишува ,,Тетова сот“.
Од општина Тетово велат дека секој што паркира и не плаќа, е блокиран без оглед чиј е автомобилот. БЕСА не сака да коментира за овој настан.
Во општина Тетово, нема многу паркинг места, на некои улици се плаќа, а на некои не, а некои граѓани паркираат на тротоарите каде ниту полицијата, ниту општината не преземаат мерки за деблокирање на тротоарите од паркираните автомобили.