(Фото) Како изгледа животот во Словенија по 15 години во Европската Унија?
По 15 години членство во Европската Унија, Словенија има 268.039 приклучоци на канализациската мрежа, а пред интеграцијата имаше 171.555. Речиси сто илјади приклучоци повеќе. Можеби овие бројки имаат призвук на иронија, но статистиката покажува дека Словенија по една и пол деценија од интеграцијата во Европската Унија, е навистина подобро место за живеење.
Просечниот животен век на мажите порасна од 73,48 на 78,05 години, додека кај жените растот е нешто помал од 81,08 до 83,66 години. Бројот на деца во градинките скокна од 54.815 на 86.703, или од 61,4 отсто дури на 80,4.
Скоро двојно се зголеми бројот на стартапи (што може да му се припише на духот на времето), но вкупниот број на различни настани во културните институции, кои се зголемија од 12.400 на 22.183, секако не е само прашање на цивилизациските придобивки. Во исто време, посетите на културни настани скокнаа од 2.683.404 на 4.358.382.
А „суровата“ економска статистика покажуваат дека БДП од 13.900 по глава на жител се зголеми на 22.182 евра, а просечната нето-добивка од 701,90 до 1,092.74 евра.
Вработеноста се намали од 6,3 на 5,1 отсто, а и извозот и увозот беа речиси тројно зголемени.