(Фото) Хузамедин и Џељадин му земаа мерка на претседателот Пендаровски


Претседателот Стево Пендаровски денеска ги посети кројачите Хузамедин и Џељадин.Тие денеска му земаа мерка на претседателот Стево Пендаровски.

„Ми причинува задоволство што денеска наминав кај кројачите Хузамедин и Џељадин коишто својот занает заедно го печат без малку 4 децении, а во изминативе 22 години успешно го градат својот заеднички кројачки бренд „Иска и Џељо“, и своето знаење им го пренесуваат на двајцата чираци“, објави Пендаровски на Фејсбук.