„Форд“ отпушта 3.800 вработени, на удар и погоните во Европа
Американскиот гигант „Форд“ планира да отпушти 3.800 вработени во секторот администрација и производство во следните три години, соопшти денеска компанијата.
Во соопштението се наведува дека околу 2.300 работници ќе бидат отпуштени од погоните во Келн и Ахен, 1.300 во Велика Британија и 200 во остатокот од Европа, пренесува Срна.
Од компанијата нагласуваат дека имаат намера да го намалат бројот на работници преку програма за доброволни отпуштања.
Американскиот производител најави дека ќе побара околу 3.400 инженери во регионот кои ќе работат на технологија добиена од колеги во САД и ќе се прилагодат на европските потрошувачи.
„Форд“ треба да го отвори својот прв производствен капацитет за електрични возила во Европа во Келн подоцна оваа година.