„Форд“ ќе згасне уште еден легендарен модел – најпродаваниот автомобил во Европа
„Форд“ уште еднаш го покажа својот немилосрден карактер и подготвеност на драстични потези.
Многумина сè уште не го прифатиле тоа што „Форд“ во 90-тите години го замени славното име „ескорт“ со „фокус“, а после тоа следел уште еден удар. Тој најболниот бил прекин на произведување на „Mondeo“ и тоа без можност на лансирање на наследник.
Сега доаѓа веста дека европскиот гигант ќе згасне уште еден свој модел.
Станува збор за најпродаваниот европски автомобил и најпродаваниот модел во Велика Британија – „форд фиеста“.
„Auto Express“ известува дека „Форд“ наскоро ќе објави дека последната „фиеста“ треба да биде склопена во Колн во текот на наредната година.
Веста за гаснење на „фиеста“ штотуку ја потврдиле од „Форд“. По тој повод објавено е и видео.
Добрата вест е што популарноста на „пума“ не се намалува, па во 2024 година ќе биде достапна и електрична верзија.
Фабриката во Колн ќе продолжи да работи, но наскоро ќе стане главен центар на произведување на електрични возила, во кој ќе се произведува и заеднички модел развиен со „Волксваген“. Кога сето тоа ќе се пресмета јасно е дека за „фиеста“ повеќе нема место.