Фон дер Лајен ќе живее во зградата на Европската комисија


Брисел – Новоименуваната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе живее во 25 квадратни метри во зградата на Комисијата, потврдија нејзините портпароли.

Информацијата кружеше веќе неколку недели низ европските институции, но сега е и официјално потврдена од тимот на новоименуваната шефица на Европската комисија – таа нема да изнајмува стан за време на нејзиниот мандат и ќе живее на тринаесеттиот кат од зградата, во 25 квадратни метри, до нејзината канцеларија.

– Со оглед на тоа дека се зголемени мерките за безбедност во ЕУ институциите, ова значи дека нема да бидат потребни дополнителни мерки во одвоена резиденција, а и ќе заштеди на секојдневното возење во метежите низ градот – велат од нејзините прес-служби.

Фон дер Лејен планира секој викенд да се враќа во Хановер каде што живее нејзиниот сопруг со седумте деца.