„Фолксваген“ продолжува да работи во Русија под брендот АГР


Групацијата „Фолкваген Русија“ денеска објави дека ќе продолжи да работи во таа земја под брендот АГР.

Volkswagen Group – Русија објави промена на името во AGR Automotive Group. По преименувањето, компанијата ќе продолжи да работи на рускиот пазар и ќе изврши целосно ребрендирање, соопштија од компанијата, пренесува Тас.

Промената на името е првиот чекор во трансформацијата и рестартирањето на бизнисот по трансферот на имотот на нов сопственик, соопштуваат од компанијата.

Во мај оваа година, познатиот германски производител на автомобили ја заврши продажбата на своите руски средства на домашен инвеститор.