Финска започна истрага по навлегувањето на дронови во нејзиниот воздушен простор
Хелсинки – Министерството за одбрана на Финска денеска соопшти за веројатно незаконски упад на беспилотни летала во воздушниот простор на земјата, по што министерот Анти Хјакјанен објави дека е почната официјална истрага.
Дроновите биле забележани во југоисточниот дел на Финска, а неколку мали објекти кои летале бавно и ниско биле лоцирани над финските води. Според Министерството, еден дрон паднал северно од градот Коувола, а втор источно од него. Финските военовоздухопловни сили веднаш испратиле ловец „Ф/А-18 Хорнет“ за да го потврдат присуството на леталата.
Овој инцидент следува по слични настани во Литванија, Летонија и Естонија, каде паднатите дронови беа идентификувани како украински. Литванските власти претпоставуваат дека овие летала биле дел од напад врз руските извозни пристаништа Приморск и Уст Луга на Балтичкото Море.
„Дејствуваме со соодветна сериозност. Истрагата е во тек и нови информации ќе бидат споделени штом податоците бидат потврдени, напиша Хјакјанен на социјалните мрежи.