Финците ја напуштаат земјата: „Оваа земја нуди безбедност“


Ако зборуваме за висок стандард, но и квалитетно воспитување деца и создавање семејство – Норвешка е секогаш на врвот на листата на супериорни земји.

Таа е понапредна од Шведска и Данска, кои заедно со Норвешка ја сочинуваат ултра богатата „тројка“ на Северна Европа, а ја надминува и Финска.

Во исто време, не само Балканот и граѓаните на помалку развиените земји ги препознаваат придобивките од Норвешка – се повеќе Финци сега се селат во Норвешка во потрага по подобра заработка.

 

Според сегашните податоци, заклучно со вториот квартал од 2023 година, просечната плата во Норвешка изнесува 54.000 круни месечно или околу 4.650 евра.

Претходно нивната дестинација би била Шведска, но тоа веќе не е така, се вели во соопштението на советодавната служба на нордискиот совет на министри, пренесува Независне новине.

Миграцијата на Финците во Норвешка, каде што со текот на годините емигрирале околу 400 до 500 луѓе, генерално беше многу помала во споредба со Шведска, каде што годишно се преселуваат до 2.000 фински граѓани.

Меѓутоа, „сега Норвешка им е многу поинтересна поради подобрите плати“, се вели во соопштението што го пренесе финската агенција STT.