Филмскиот фестивал во Кан со омаж за Силвестер Сталоне
Франција- Американскиот актер Силвестер Сталоне ќе пристигне на филмскиот фестивал во Кан, каде што ексклузивно ќе бидат прикажани снимки од петтото продолжение на серијата „Рамбо” на специјална проекција приредена како омаж за актерот, велат организаторите на фестивалот.
Актерот, роден 1946 година и познат по улогите на силни момци, минатата година на интернет стави фотографија на која Рамбо, познат ветеран од Виетнамската војна, на колена го најавува новиот филм.
Сталоне на Канскиот фестивал беше неколкупати. Во 2014 година заедно со Арнолд Шварценегер, Харисон Форд и Антонио Бандерас дојде да го претстави акцискиот филм „Платеници 3“. Актерите тогаш дојдоа во оклопно возило на воодушевување на публиката.
Проекцијата е закажана за 24 мај кога, покрај делови од новиот филм, ќе биде прикажана и биографијата на Сталоне и обновена верзија на првиот филм „Рамбо“ од 1982 година.
Петтиот дел на филмот „Rambo V: Last Blood“ во киносалите ќе биде прикажан наесен.
Годинешното 72. издание на Меѓународниот филмски фестивал во Кан ќе се одржи од 14 до 25 мај.