Филмот “Ad Astra” со Бред Пит пристигнува во домашните кина на 19 септември
Пристигна новиот трејлер за еден од најисчекуваните филмови оваа година „Ад Астра“ со Бред Бит. На ова патување на самиот раб на соларниот систем, Рој (Бред Пит) ќе открие тајни кои го доведуваат во прашање човечкото постоење, како и нашето место во вселената.
Овој научно фантастичен трилер е сместен во иднината, а Рој ќе се обиде да го пронајде својот исчезнат татко, легендарниот астронаут, кој го игра Томи Ли Џонс. Покрај тоа што двајцата се астронаути, нивните заеднички цели се да се одговори на сите животни загатки кои се кријат во длабоката вселена.
Фантастичниот спој на вселенска авантура и не секогаш совршените односи меѓу луѓето ќе ги заинтересираат и гледачите кои не се фанови на научната фантастика. Во новиот трејлер одблизу ќе се запознаеме со главниот лик и ќе дознаеме дел приказната на „Ад Астра“- (per aspera ad astra) што на латински значи „Преку трња до ѕвездите“
Покрај Бед Пит во главните улоги ги играат: Томи Ли Џонс, Лив Тајлер, Доналд Сатерленд и Рут Нега.