Филм за животот на Шумахер на Канскиот филмски фестивал


Франција– Документарецот за животот на седумкратниот светски шампион во „Формула 1“, Михаел Шумахер ќе биде претставен на Канскиот филмски фестивал.

Предвидено е филмот да биде прикажан на екраните на 5 декември, оваа година.

Познато е дека во документарецот ќе бидат прикажани интервјуа на сопругата на Шумахер, Корина, ќерката на Гина и синот Мик.

На 29 декември 2013 година асот во Формула Шумахер се повреди при скијање на Алпите во Франција. Повеќе од шест месеци тој беше во кома, и оттогаш никогаш не се појави во јавноста.