Филипче со сомнева дали Владата ќе продолжи на европскиот пат: средба со Гир


 

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир, му рекол дека е загрижен за политиките на новата влада околу евроинтеграцијата. Но и за правецот во кој оди земјата.

„Загрижен сум дека политиките на новата Влада може да предизвикаат трајно блокирање на евроинтеграциските процеси. Владата на ВМРО-ДПМНЕ во само неколку недели целосно ги наруши позициите на Северна Македонија, отворајќи веќе затворени спорови со што шансите за продолжување на евроинтеграциите драматично се влошија“, истакнал Филипче на средбата со Гир, според соопштението од СДСМ. 

Тој се сомнева околу намерите на Владата воопшто да го продолжи стратешкиот правец кон ЕУ и потенцираше дека уште на почетокот на работата на новата Влада земјата има нејасната иднина. 

Филипче го информирал Гир дека СДСМ како опозиција ќе се залага за реформи и јасни перспективи. 

„Европската интеграција е стратешка цел на државата и СДСМ ќе продолжи да се залага за негување демократските вредности и заштитата на националните интереси. СДСМ како опозиција ќе се залага за реформи од страна на сите чинители во македонското општество. Напредокот во интеграцијата на нашата држава позитивно ќе се одрази на регионалната соработка, стабилноста и напредокот на земјата“, рече Филипче.

Дејвид Гир наскоро си заминува од службата во Македонија. Филипче му се заблагодари за сѐ што направи за државава.