Филипче: Покачувањето на струјата ќе повлече големи поскапувања на сѐ – леб, млеко, јајца
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, утрово на пред новинарите, меѓу останатото, изјави дека покачувањето на цената на струјата е резултат на криза што потекнува од потфрлањето на енергетскиот сектор.
„Трите денари покачување ќе повлече поскапување на сите други продукти. Следи бран на огромни поскапувања на цените на се, меѓу кои и елементарни намирници како леб млеко, јајца. А притоа нема најава за злолемување на платите“, кажа Филипче.
Филипче зборуваше и за закочувањето на интегративниот процес.
„Се е тоа резултат на корупција и криминал. Нема реформи во правосудството. Не се отвораат врати за европското обвинителство и така се пролонгира корупцијата и криминалот. Преку своите медиумски кујни измисливаат проблем со Бугарија – низ извртување на фактите и спинување. За нешто да се претстави како предавство, со цел да нема европско правосудство и европски обвинителни и да цвета криминал и корупција“, изјави Филипче