Фијаско на изборите во Тунис, излегле само 9 отсто од гласачите
Опозициските партии кои ги бојкотираа изборите бараат оставка од претседателот Саид
Главната опозициска коалиција во Тунис соопшти дека претседателот Каис Саид мора да поднесе оставка откако на парламентарните избори учествуваа помалку од 9 отсто од граѓаните со право на глас.
Шефот на Националниот фронт за спас, Неџиб Чеби, рече дека саботното гласање било „фијаско“, повикувајќи на масовни протести со барање за предвремени претседателски избори.
Гласањето беше бојкотирано од повеќето опозициски партии.
Тие го обвинуваат Саид дека го вратил назад демократскиот напредок постигнат од бунтот во 2011 – обвинувања што тој ги отфрла. Откако го разреши премиерот и го суспендираше парламентот во јули 2021 година, една година подоцна воспостави владеење на еден човек (самиот тој) и изборите со саботата требаше да бидат потврда на тој систем.
Новиот устав го замени уставот подготвен веднаш по Арапската пролет во 2011 година, со која Тунис го собори починатиот диктатор Зин ал-Абидин Бен Али. На шефот на државата му даде целосна извршна контрола и врховна команда на армијата.
Саид (64) вели дека таквите овластувања биле потребни за да се прекине циклусот на политичка парализа и економско распаѓање.
Неговите поддржувачи се согласуваат со него, велејќи дека на сиромашната северноафриканска нација ѝ треба силен лидер за да се справи со корупцијата и другите главни прашања што го попречуваат развојот на земјата.
Изборните претставници на Тунис доцна во саботата соопштија дека 8,8 отсто од околу девет милиони електорат гласале на парламентарните избори.
Говорејќи набргу потоа, г-дин Чеби рече: „Она што се случи денеска е земјотрес, од овој момент го сметаме Саид за нелегитимен претседател и бараме тој да поднесе оставка по ова фијаско“.
Фронтот за национален спас, коалиција од неколку политички партии, исто така повика на масовни собири.
Претседателот Саид досега не даде јавни коментари за ова прашање.
Востанието во Тунис пред 11 години често се задржува како единствен успех на бунтовите на Арапската пролет низ целиот регион – но тоа не доведе до стабилност, ниту економска ниту политичка.