ФФМ донесе одлука за отпочнување постапка за проект воспоставување ВАР – Фаза 2


Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за отпочнување на постапка за проект воспоставување ВАР – Фаза 2 и отпочнување на постапка за проект воспоставување ВАР – Фаза 3. 

Фаза – 2 се однесува на евалуација и избор на најсоодветниот понудувач за набавка на опрема за три ВАР простории, мобилен сет и опрема за ВАР возило.

Последната, фаза 3 се однесува на инсталирање и конфигурација на опремата за ВАР. 

Овој процес се спроведува во тесна координација со ФИФА и УЕФА, во согласност со сите меѓународни стандарди за имплементација и користење на ВАР системот.