Фестивалот „Слободна зона“ по 7. пат во Виница


По повод 75 години од ослободувањето на Виница од фашизмот, а во рамките на повеќедневната манифестација „Виница – Слободен град“, ќе с еодржи фестивалот „Слободна зона“.
Настанот е закажан на 30 август, петок, со почеток од 20:00 часот, во градскиот парк во Виница.

За музичката програма ќе бидат задолжени Александар Велики (Скопје), Дактили (Струмица), КИ (Куманово), ПМГ Колектив (Скопје), Пука козметика (Скопје) и Роботек (Скопје).

Истиот ден, во рамките на фестивалот, во 17:30 часот во градскиот парк ќе бидат промовирани книгите „Македонска дискографија – Винили (1958 – 2019)“ и „Македонска рок енциклопедија (1963 – 2018)“, енциклопедиски дела на авторот Тошо Филиповски, а во издание на „Корпус деликти рекордс“.

Настанот е во целост поддржан од Локалната самоуправа на Општина Виница и Домот за култура „Тошо Арсов“. Ова е седмо по ред издание на фестивалот, чија идејна и организациона изведба е на група млади ентузијасти, а по неколку годишна пауза, на иницијатива на Општината, се обновува со намера да стане традиција која би оставила траен белег на културното живеење на градот.