Фаучи јавно ја прими вакцината на „Модерна“
Главниот експерт за инфективни болести во САД, д-р Ентони Фаучи, изјави дека повеќето Американци ќе имаат пристап до вакцина против корона вирусот до средината на летото.
Во денешното издание на „Добро утро, Америка“, Фаучи изрази очекување масовната вакцинација на населението „да започне некаде кон крајот на март – почетокот на април“.
Првите дози беа аплицирани минатата недела. Здравствените работници, работниците од прва линија и старите лица имаат предност во оваа почетна фаза на вакцинација.
Самиот Фаучи се вакцинираденеска со доза на вакцина произведена од „Модерна“.
– Тоа е симболичен гест кон државата, со кој сакам да ја покажам мојата целосна доверба во безбедноста и ефикасноста на оваа вакцина и да ги охрабрам оние што имаат можност да се вакцинираат да го сторат тоа, рече 79-годишниот Фаучи.
Тој во едно интервју додаде дека „дефинитивно е можно“ новиот вид коронавирус откриен во Велика Британија да стигнал до САД
Тој повторно ги повика Американците да ги ограничат своите вообичаени планови за славење на Божик и оваа година, со оглед на континуираното нагло зголемување на ширењето на вирусот низ САД.