Фаучи: Бајден и Харис треба да се вакцинираат против Ковид-19


САД– Директорот на американскиот Национален институт за алергија и заразни болести Ентони Фаучи денеска изјави дека новоизбраниот претседател Џо Бајден и новоизбраната потпретседателка Камала Харис треба што побрзо да се вакцинираат против новиот коронавирус.

Тој исто така ги повика претседателот Доналд Трамп и потпретседателот Мајк Пенс да се вакцинираат.

Во САД вчера почна имунизација со вакцината на компаниите Фајзер и Бионтек.

Бројот на смртни случаи од последици од Ковид-19 во САД надмина 300.000. Од почетокот на епидемијата, во САД починале најмалку 300.267 луѓе, покажуваат податоци на универзитетот Џонс Хопкинс. Пријавени се над 16 милиони заразени, повеќе отколку во која било друга земја.