Фатена Србинка на „Табановце“, Германија ја барала преку Интерпол

Вчера во 17.15 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ја лишија од слобода Н.Ш.(46) од Република Србија, затоа што при пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека патничкото возило „мини“ со германски национални ознаки, кое го управувала, било барано од Интерпол – Сојузна Република Германија.
Возилото било одземено, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.