Фараж: Брегзит ќе биде одложен


Излегувањето на Велика Британија од Европската унија повторно ќе биде одложено бидејќи обидот на премиерот Борис Џонсон да склучи нов договор со Брисел, ќе биде одбиен од Парламентот, изјави лидерот на Партијата за Брегзит Најџел Фараж.

Тој оцени дека излегувањето на Велика Британија од Унијата на 31 октомври е доведено во прашање бидејќи политичката елита во Лондон планира да го „предаде“ референдумот од 2016 година, кога Британците гласаа 52-48 отсто за напуштање на ЕУ.

Тој оцени дека земјата се наоѓа во најголемиот судир од граѓанската војна во 17 век, а Џонсон ризикува да ја уништи својата Конзервативна партија со обидите повторно да ги подгрее надежите за нов договор, по неуспешниот обид на неговата претходничка Тереза Меј.

– Значи, нема да заминеме на 31 октомври и тогаш навистина ќе запловиме во неистражени води – дали Парламентот ќе наметне втор референдум или општи избори, навистина не знам, изјави Фараж.