„Фантомски приказни: Sing along“ со оперски и оркестарски солисти
Настанот е најавен како како стенд-ап перформанс на оперски и оркестарски солисти, а се организира во соработка со асоцијацијата „Полифонија“, Канадскиот музички центар од Скопје, Каутаун-опера Калгари. Диригент е Андреј Наунов, а подготвен по режија на Златко Славенски.
За утревечер „Скопско лето“ го најави концертот „Од класика до евергрин“ на „Скопски солисти“ во Националната опера и балет. Диригент е Иван Еминовиќ, а солисти Наде Талевска-Спасовска – сопран и Горан Наумовски – естраден уметник.
На програмата „Кафе кино“, пак, вечер од 21 часот во Сули ан е проекцијата на швајцарската комедија „Стрикер (Гол натрапник)“ од 2017 година, во режија на Питер Луиси.