Европските зелени даваат поддршка за интеграцијата на земјава во ЕУ


Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин учествуваше на лидерска средба на Европските зелени партии, што се одржа во Брисел.

 

Во своето излагање таа го потенцираше значењето на континуираната поддршка што Европските зелени ја даваат за нашите евроинтеграциски процеси.

Европските зелени и овој пат во Брисел дадоа силна поддршка за добивање датум за почеток на преговори помеѓу Р.С.Македонија и ЕУ, одлука што треба да се донесе на претстојниот европски самит во октомври.

Морачанин во своето обраќање ја истакна извонредната соработка на ДОМ со Европските зелени и влијанието на таа соработка врз развојот на зелените вредности во македонското општество.

На лидерската средба во Брисел се анализираа одличните резултати што ги постигнаа зелените партии на изборите за Европскиот парламент, освојувајќи 10 отсто гласови.

Исто така, во Брисел стана збор и за дејствувањето на пратеничката група на Зелените во Европскиот Парламент, како и за стратешките приоритети на Зелените во следниот петгодишен период.

Претседателката на ДОМ Маја Морачанин, во рамките на лидерската средба на зелените партии во Брисел оствари и повеќе одделни билатерални средби и разговори.