Европските социјалисти му честитаа на Ковачевски за досегашната работа


 

Групата Социјалисти и демократи во Европскиот парламент денеска му честиташе на премиерот во оставка Димитар Ковачевски за неговата работа во изминативе две години, истовреме о посакувајќи му успех на Талат Џафери како претседател на техничката влада

„Важни промени во Северна Македонија во подготовките за парламентарните избори на 8 мај.

Честитки, @DKovachevski, за извршување на вашата работа како премиер со одговорност и посветеност.

Сѐ најдобро да @XhaferiTalat  кој ќе ја преземе функцијата претседател на техничката влада“, се вели во пораката на СиД на Твитер.