Европските лидери ќе имаат стратешка дискусија за проширувањето во октомври 2026
„Во светлината на новиот импулс во процесот на проширување и потсетувајќи на Декларацијата од Гранада, Европскиот совет ќе одржи стратешка дискусија за проширувањето и реформите на својот состанок во октомври 2026 година“, изјави Европскиот совет, по состанокот што се одржа на 18-19 јуни во Брисел.
Кога станува збор за Западен Балкан, Европскиот совет го поздравува одржувањето на самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват, Црна Гора, на 5 јуни 2026 година, што придонесе за новиот импулс во процесот на проширување.
„Потсетувајќи се на своите претходни заклучоци, Европскиот совет повторува дека Европската унија ќе продолжи тесно да соработува со Западен Балкан и да ги поддржува нивните реформски напори на нивниот пат кон членство во ЕУ. Европскиот совет останува посветен на унапредување на постепената интеграција меѓу Европската Унија и регионот за време на самиот процес на проширување на начин базиран на заслуги и реверзибилен“, се вели во соопштението за медиумите. Тоа е сѐ за Западен Балкан и не се споменува ниту една држава поединечно.