Европска метропола сака да ги протера дизелашите: Продажбата е веќе забранета на некои пумпи
Возачите ќе мора да најдат други станици за полнење гориво, особено возила за итни случаи, кои сѐ уште работат на дизел.
По ограничувањето на брзината од 50 км/ч на градската обиколница, управата на Париз продолжува со нови сообраќајни мерки, па сега некои пумпи на периферијата и на патиштата во градскиот прстен веќе не можат да продаваат дизел.
Градот Париз од почетокот на октомври воведе таканаречена забрана на четири станици и се чини дека ова е само почеток.
Градоначалничката Ен Идалго од почетокот на својот мандат сака да стави крај на дизел возилата во главниот град и, генерално, продолжува да ја намалува доминацијата на автомобилите, со се повеќе велосипедски патеки и пешачки зони.
Франс 3 пренесува дека добавувачот TotalEnergies проценува дека забраната ќе доведе до значителен трансфер на возила до соседните станици, кои не се наменети за голем број нови клиенти.
Сето ова може да резултира со метеж на влезот во градот.
И покрај оваа одлука, многу луѓе кои живеат и работат во парискиот регион сè уште користат дизел возила, бидејќи хибридните и електричните автомобили не се финансиски достапни за секого.
Затоа, ќе мора да најдат други станици за полнење гориво, а тоа особено важи за возилата за итни случаи, кои сѐ уште работат на дизел.
Дизел возилата ќе бидат отстранети од Париз, Мексико Сити, Мадрид и Атина до 2025 година, како дел од невидените напори на градоначалниците да го подобрат квалитетот на локалниот воздух.