Европската комисија загрижена за економската ситуација во Германија
Лошата економска ситуација во Германија и во девет други земји од Европската унија може да има негативни последици за целиот блок, предупреди Европската комисија во извештај објавен денеска.
„Макроекономските нерамнотежи“ во овие земји предизвикаа загриженост во таканаречениот Извештај на механизмот за тревога и сега ќе бидат подлабоко анализирани, објави комисијата во Стразбур.
– ЕУ е соочена со сериозни структурни предизвици кои го загрозуваат нашиот долгорочен просперитет, рече еврокомесарот за економија Валдис Домбровскис.
– Потребна е итна акција, предупреди тој.
Целта на извештајот е рано откривање и справување со ваквите прашања. Проценетите индикатори вклучуваат стапка на невработеност, нивоа на долг, кредити и цени на имотот.
Макроекономската нерамнотежа во една земја на ЕУ – на пример висок дефицит на тековната сметка или балон на недвижности – може да има дополнителни ефекти врз другите земји-членки.
Според Комисијата, невообичаено високата инфлација во последните години, вклучувајќи ги и зголемените трошоци за работна сила и цените на имотот, го зедоа својот данок.
Покрај Германија, која долго време се сметаше за центар за моќ во Европа, во 2025 година поблиску ќе бидат анализирани и Кипар, Грција, Италија, Унгарија, Естонија, Романија, Словачка, Шведска и Холандија.