Еве колку ќе чинат билетите за финалето на Вимблдон


Ден откако беше познато дека Новак Ѓоковиќ ќе се соочи со Карлос Алкараз денес во финалето на Вимблдон, од 15 часот, пристигнаа неверојатни информации за цената на билетите за денешниот натпревар на централниот терен.

Имено, како и во изминатата сезона, српскиот и шпанскиот тенисер ќе се борат за трофејот на престижниот турнир, а спектаклот во Лондон ќе го следат во живо околу 15.000 фанови.

Многу љубители на „белиот спорт“ грабнаа, секако, секој на свој начин, билети од претходно, но и помал контингент билети беа пуштени во слободна продажба откако дознаа дека Карлос и Новак и годинава ќе ги одмерат силите во финалето. Во оваа прилика беше соборен рекордот на познатата веб-страница „ТикПик“ специјализирана за продажба на билети за големи спортски настани. А, најевтините билети за финалето на Вимблдон чинат 10.600 долари или 9.706 евра.