Еве кои се најдобрите учесници на Робомак Јуниор 2025


Доделени се наградите на учесниците од натпреварот во роботика, вештачка интелигенција и електроника за учениците во средните училишта од Македонија – Робомак Јуниор 2025 (ROBOMAC Junior 2025), што се одржа од 12 до 14 мај на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје.

На натпреварот 54 ученици од четврта година од над 20 средни училишта од државава се натпреваруваа во две категории. Во категоријата Автономска мобилна роботика организирана од Институтот за автоматика и системско инженерство, медалите ги освоија:

Златен медал:

– Стојан Ковачевиќ, СОУ Гимназија Славчо Стојменски, Штип;

– Марко Ангелов, СУГС Гимназија Орце Николов, Скопје;

– Кристијан Толески, ОЕМУЦ Св. Наум Охридски, Охрид.

Сребрен медал:

– Драгана Саздова, СОУ Коле Нехтенин, Штип;

– Стефан Мустеников, СОУ Гимназија Добри Даскалов, Кавадарци;

– Кристијан Ристески, АСУ Математичко-информатичка гимназија, Скопје.

Бронзен медал:

– Давид Кузмановски, СУГСГ Раде Јовчевски Корчагин, Скопје;

– Бојан Јованов, СОУ Гошо Викентиев, Кочани;

– Давид Маневски, СУГС Георги Димитров, Скопје.

Во категоријата Паметна електроника за автономни возила, организирана од Институтот за електроника, медалите ги освоија:

Златен медал:

– Филип Николов, СОУ Гимназија Славчо Стојменски, Штип;

– Алек Хаџивасилев, СЕТУГС Михајло Пупин, Скопје;

– Стефан Антиќ, АСУ Математичко-информатичка гимназија, Скопје.

Сребрен медал:

– Лили Бошева, СУГС Гимназија Јосип Броз Тито, Скопје;

– Ивана Мазнејкова, СОУ Гимназија Мирче Ацев, Прилеп;

– Марко Симеонов, СУГСГ Раде Јовчески Корчагин, Скопје.

Бронзен медал:

– Георги Николчов, СУГС Георги Димитров, Скопје;

– Матеја Васојевиќ, СУГС Георги Димитров, Скопје;

– Павел Иванов, ОЕМУЦ Св. Наум Охридски, Скопје.

Освен натпреварувачките активности, се одржаа и неколку предавања на популарни теми од роботиката, вештачката интелигенција и електрониката: „Мобилна електроника“ од проф. д-р Катерина Ралева и проф. д-р Томислав Карталов; „Роботиката и вештачката интелигенција“ од доц. д-р Горјан Наџински и „Реализација на миоелектрична роботска протеза за рака“ од м-р Благој Христов.