Еве кои се најбогатите 100 бизнисмени од поранешна Југославија, има осуммина од Македонија

Најбогатиот Македонец е 32. на листата. Тоа е Живко Мукаетов („Алкалоид“) и неговиот имот се проценува на 784 милиони евра


 

На листата на стоте најбогати бизнисмени од земјите на поранешна Југославија, 25 се од Хрватска, 48 од Србија, 12 од Босна и Херцеговина, осум од Северна Македонија и седум од Црна Гора. 

Првите десет најбогати бизнисмени во земјите создадени со распадот на поранешна Југославија „тежат“ вкупно 18,1 милијарди евра. Шест од нив се со матични компании во Хрватска, а четири во Србија. Ова го покажува најновата листа на стоте најбогати во регионот, која годинава заедно ја направија белградски „Недељник“, сараевско „Ослобоѓење“, словенечкиот весник „Финанце“ (и порталот „Финанце менаџер“), хрватскиот економски неделник „Лидер“ и економскиот неделник „Капитал“ од Македонија.

На листата на стоте најбогати, вкупно 25 се од Хрватска, 48 од Србија, 12 од Босна и Херцеговина, осум од Северна Македонија и седум од Црна Гора. Претставниците од БиХ контролираат вкупно 6,3 милијарди  евра. Хрватските и српските бизнисмени наизменично на оваа листа се до 22. место, каде што се појавува бизнисменот од БиХ, Сенад Џамбиќ.

„Во традиционалното ривалство меѓу хрватските и српските бизнисмени, предноста е на страната на Хрватите, кои не само што работат на поголем и попребирлив пазар, туку имаат и средина усогласена со европските правила“, пишува Мишо Бркиќ од „Недељник“, кој го водел ова истражување.

Најбогатиот Македонец е 32. на листата. Тој е Живко Мукаетов („Алкалоид“) и неговиот имот се проценува на 784 милиони евра. „Алкалоид“ е фармацевтска компанија основана во 1936 година, а од 1998 година е акционерско друштво во приватна сопственост. Таа е шеста најважна фармацевтска компанија во Југоисточна Европа.

Во однос на ланската листа нема промени на самиот врв на годинашната листа, први останаа Силвио и Роберт Кутиќ и Изабел Јелениќ, сопственици на хрватски „Инфобип“, а нивниот имот изнесува 3 милијарди евра. „Инфобип“ е софтверски гигант и првиот хрватски еднорог (стартап вреден повеќе од милијарда долари). Браќата Кутиќ и Јелениќ го основаа во 2006 година, од 2020 година „Инфобип“ е во косопственост на инвестицискиот фонд One Equity Partners, кој инвестираше 200 милиони долари. Според аналитичарите, „Инфобип“ е една од десетте најбрзо растечки B2B SaaS компании во светот, која пораснала од нула на 100 милиони долари приход за само седум години. Услугите на оваа компанија ги користат 370 банки, Инфобип има повеќе од 300.000 клиенти, меѓу кои WhatsApp, Viber, Telegram, Costco, Virgin Megastore, Strava, Uber, Unilever, Zendesk, Burger King…

(Табела: Недељник)

Новина на овогодинешната листа е што БиХ го доби првиот милијардер во евра. Имотот на Сенад Џамбиќ порасна од 892 милиони евра во 2023 година на 1,1 милијарда евра оваа година. Неговата групација „Бинго“ е компанија која во своето портфолио има бизниси со малопродажба и агро-индустрија, а само извоз-увоз на „Бинго“ вработува повеќе од 8.000 работници. Тројцата браќа Џамбиќ почнале да произведуваат мед во 1985 година. Пред војната во Босна и Херцеговина, Сенад работел како рудар, но имал билијард, флипер и покер апарати. Така е родена фирмата „Бинго“, која името го добила по здружението со почетниот бизнис. Тајната на неговиот деловен успех ја опиша Сенад Џамбиќ во реченицата: „Сè што заработувам, веднаш инвестирам“.

Очекувано, а би рекле стандардно, по Џамбиќ следува семејството Хастор (ASA invest, Establish 702 милиони), кое годинава е на 37. место на регионалната листа. И 38. и 39. на листата се од БиХ – Свјетлан Станиќ (Група „Станиќ“ 687 милиони) и Петар Ќорлука („Виолета“ 685 милиони евра).

Најбогат Црногорец е Иван Убовиќ („Бемакс“, 396 милиони евра) на 68. место. Убовиќ стана 100% сопственик на „Бемакс“, компанија основана во 2007 година, во 2022 година кога го купи уделот на Веселин Ковачевиќ. Станува збор за градежна компанија чии референци ги вклучуваат, меѓу другото, изградбата на автопатот од Подгорица до Матешево, станбените згради Порто Монтенегро, Луштица Беј и неколку познати хотели. (Ослобоѓење)