Евакуација на населението во Централна Америка поради ураганот Иота
Ураганот Иота денеска ја достигна највисоката петта категорија, неколку часа, пред да ја погоди Централна Америка.
– Иота е пропратен со ветрови со брзина од 260 километри на лас и е опасен по животот на луѓето во Централна Америка, соопшти американскиот Национален центар за урагани (НХЦ) со седиште во Мајами.
Ураганот му се заканува на делови на Хондурас и Никарагва со обилни дождови и разорни ветришта, како и опасен пораст на нивото на морето, предупредија американските метеоролози.
Хондурас, Гватемала и Никарагвапочнаа да го евакуираат населението поради ураганот Иота.
Ураганот Иота поминува низ истата рута како и ураганот Ета, која пред околу две седмици ја погоди Централна Америка, при што загинаа повеќе од 200 луѓе, а стотици илјади лица останаа без домови. Ета предизвика голема материјална штета на инфраструктурата. При налетот на Ета настрадаа околу 2,5 милиони луѓе.