ЕУ: За „зелени“ проекти годинава достапни една милијарда евра


Европската комисија денеска објави дека е отворен процесот за аплицирање за Фондот за иновации, наменет за помош на проекти за чиста енергија во вредност од една милијарда евра.

Право на првиот повик имаат подготвени проекти за чисто производство на водород, намалување на јаглерод, собирање на јаглерод и складирање на енергија. Крајниот рок за пријавување е 29 октомври 2020 година. ЕУ планира да инвестира 10 милијарди евра во периодот од 2020 до 2030 година.

– Овие големи инвестиции ќе помогнат да се рестартира економијата на ЕУ и да се создаде зелено закрепнување што води кон неутралност на климата во 2050 година, изјави заменик-претседателот на Европската комисија Франс Тимерманс