ЕУ сака правилата за праќање отпад во сиромашните земји да бидат построги


Европската комисија предложи ревидирање на правилата за извоз на отпадот за да се отежне праќањето отпад во сиромашни земји од страна на членките на унијата.

Предложениот закон, кој треба да го одобрат земјите членки и парламентот, е дел од планот на Брисел за намалување на загадувањето и да се осигура дека материлајите како пластика, текстил и метали повторно се користат и рециклираат место да се фрлаат.

Половина од отпадот отишла во сиромашните земји

„Целта е да се натера Еу да преземе одговорност за отпадот кој го произведува. Тоа денеска не е случај и тоа е она што треба да се промени“, рече високиот претставник на ЕУ за животна средина Виргинијус Синкевичиус.

Унијата, минатата година извезе 33 милиони тони отпад, од кој речиси половина отиде во сиромашни земји кои не се членки на ОЕЦД (Организацијата за економска соработка и развој) и кои имаат послаби правила за справување со отпадот отколку земјите членки на ЕУ, со тоа префрлајќи го загадувањето на земјите од ЕУ на оние во странство.

„Помислете само на сето тоа пластично ѓубре среде лошото управување со отпад“, вели Синкевичиус.

Сиромашните земји ќе мора да докажат дека може да управуваат со тој оптад

По тој предлог. земјите кои не се членки на ОЕЦД треба да го известат Брисел дали сакаат да примат пратки со отпад од ЕУ и да докажат дека за него може да се погрижат на еколошки прифатлив начин. Ако земјата може тоа да го направи, на државите на ЕУ тогаш ќе им биде дозволено да го извезат својот отпад таму.

Покрај тоа, извозот на отпад во земјите од ОЕЦД би бил под надзор на Унијата, а ако се изрази загриженост дека таквиот отпад предизвикува загадување во некоја земја, Брисел би можел да го спречи извозот, ако земјата не може оджрливо да управува со отпадот.

Европските компании треба да поминат низ независни ревизии за одлагалиштата надвор од ЕУ каде го праќаат ѓубрето за да докажат дека таму отпадот може правилно да се третира, велат од Комисијата.

Брисел дака поголеми надлежности за истрага на илегалните пратки отпад

Со предлогот ЕУ сака да ги поттикне 27-те земји членки да ги подобрат своите капацитети за повторна обработка и повторна употреба на отпадот од домаќинствата.

Според предлогот би требало да се поедностават правилата за отпрема на отпадот внатре во ЕУ за да се овозможи пластиката, железото и челикот да може да се праќаат во европските погони за рециклирање. Брисел, исто така, сака поголеми овластувања за истрага на илегалните пратки отпад.

Предлогот го критикуваше индустријата за рециклирање метали, од каде тврдат дека ЕУ на ист начин постапува со отпадот од плажите како и со висококвалитетниот метал кој оди во топилниците.

„Споредуваат јаболка и круши“, вели Мурат Бајрам од компанијата „European Metal Recycling“, додавајќи дека дополнителна бирократија за извоз на металниот оптпад ќе наштети на индустријата затоа што би спречила вишокот материјал да стигне до крајните пазари каде е потребен.