ЕУ покренува сателитски интернет систем вреден шест милијарди евра
Европската Унија постигна договор за создавање сопствен сателитски интернет систем, вреден шест милијарди евра.
Претставници на Европскиот Парламент и на Европскиот Совет постигнаа договор за иницијативата што Европската комисија ја објави уште во февруари.
Овој потег на ЕУ доаѓа во услови на зголемена загриженост околу рускиот и кинескиот воен напредок во вселената и зголеменото лансирање сателити. Поседување сопствен сателитски интернет систем може да му помогне на европскиот блок да го забрза воведувањето на широкопојасен интернет во Европа, кој исто така ќе ја покрие и Африка, со што ЕУ може да им понуди на африканските земји алтернатива на кинеските оператори.
Развојот и поставувањето сателити може да почнат наредната година. Предложениот сателитски интернет систем може да вклучи изградба и лансирање до 170 сателити во ниска орбита меѓу 2025 и 2027 година.