ЕУ одобри лекови со канабис за епилепсија
Белгија – Европската унија за првпат дозволи употреба на производи од канабис во медицински цели, но само за пациенти кои страдаат од две ретки форми на детска епилепсија.
Тоа е Епидиолекс – лек добиен од канабис што содржи канабидиол, главна состојка во медицинската марихуана.
Терапијата е дозволена во два случаи на детска епилепсија – синдром на Ленокс Гасто и синдром на Дравет – кои се тешки за лекување и можат да предизвикаат до неколку напади на ден.
Употребата на лекот сега е дозволена во Велика Британија и во други европски земји, но се уште не е препорачана од британскиот Национален институт за здравство затоа што „нема докази за долгорочна ефикасност“. Лекот е на компанијата ГВ Фармасеутикалс и може да се користи во комбинација со други лекови за епилепсија.